Заводот за рехабилитација во Капиштец ќе биде затворен во наредниот период, откако 8 медицински лица и двајца пациенти биле позитивни на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција.

-Во однос на Институтот за физикална медицина, 46 вработени и 6 пациенти се тестирани. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Тестирани се уште 16 пациети. Во следниот период Заводот во Капиштец нема да работи, а пациентите ќе се упатуваат во 8 Септември, рече Филипче.