Синоќа во 22:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Борис Трајковски настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“, кое било во движење, а управувано од Е.Д.(43) од с.Моране. Пожарот бил целосно изгаснат во 23:00 часот од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

извор: Makfax