Запален автобус предизвика застој на граничниот премин Табановце, пренесе Либертас.

На преминот има метеж и не е дозволено поминување. Затворени се двата правци за влез и излез од земјата.

Засега е непозната причината за несреќата, во која за среќа нема жртви.