Честа да ја отвори забавата, чиј домаќин е актерот Сашко Коцев, ќе и припадне на Каролина која за време на својот настап пред присутните ќе ги отпее темите од вториот дел од проектот “Македонско девојче”.

Средбата со скопската публика за мене од секогаш претставува посебен настан и со нетрпение го очекувам моментот кога ќе се сретнеме на плоштадот Пела. Ќе се претставам со веќе познатите нумери од албумот „Македонско девојче” кои имаа свои концертни промоции во неколку градови низ Македонија. Но, овој пат поводот за да ги запееме повторно е обединувањето на двата најголеми македонски телекомуникациски гиганти во еден, нов бренд. Им го честитам овој голем чекор и верувам дека ќе приредиме одлична забава која ќе се памети како и сите нивни досегашни музички настани”, вели Каролина.

Веднаш по неа на сцената ќе застане Северина, која одамна своето гостување во Скопје го најави на социјалните мрежи.

Среќна сум кога луѓето се препознаваат и поддржуваат. Тоа ми се случува секогаш кога настапувам пред македонската публика. Топли луѓе, добар амбиент, супер храна и една гостопримливост што ви го плени срцето. Тоа е она чувство како кога сте дома. Ги чекам сите кои сакаат добра музика и танцување да дојдат на големиот музички спектакл во Скопје”, рече Северина по повод нејзиниот настап пред македонската публика.

Како јаготка на шлагот се очекува забавата да кулминира со ди џеј сетот на познатиот Дејвид Моралес.

Инаку, освен вечерниот концерт предвидена е и забава за најмладите во текот на денот, кои во детското катче ќе имаат можност да играат џиновски игри и да освојуваат супер награди.