Ние сме аутсајдери, нашите ривали имаат два – три пати поголем буџет. Меѓутоа, се е поинаку на Ф4 турнирите. Ние имаме хемија која ни носеше многу успеси во минатото. Најважно е да бидеме во најдобра форма, подготвени за секаков предизвик и да дадеме се од себе. Не е важно дали играме против ЦСКА, Фенер или пак Реал, туку дека дали сме подготвени физички и пскихички, изјави Спанулис.

Грчкиот гигант во регуларниот дел од сезоната претрпе два пораза од руската екипа, во првиот дуел во Атина беше 81:75, додека во вториот во Москва резултатот гласеше 90:86.