Компанијата „Радиономи“ најави големо враќање на „Винамп“, кој следната година ќе добие нова верзија на мобилна апликација.

Иако важи за една од најпознатите компјутерски програми, „Винамп“ и неговите услуги згаснаа на 20. декември 2013 година, на разочарување на многу обожаватели.

Досега, многупати беше најавувано враќање кое никогаш не се случи, но сега компанијата „Радиономи“, која го купи „Винамп“ во 2014. година, официјално потврди дека омилениот плеер се враќа во форма на мобилна апликација која ќе овозможи објавување на музика, подкаст и стриминг услуги на едно место.

„Следната година ќе се појави целосно нова верзија, која ќе овозможи целосно и подобрено корисничко искуство. Корисниците ќе бидат во можност да слушаат MP3 фајлови што претходно ги складирале во облак датотеки, но и подкасти, интернет радио-станици и плејлисти кои се по нивниот терк“, истакна компанијата.

Странските медиуми известуваат дека апликацијата ќе биде достапна за iOS и Android уреди. „Винамп“ веќе има своја Andorid апликација, но новата верзија ветува поинакво искуство.

Исто така, „Радиономи“ најави нова „Винамп“ десктоп верзија – „Винамп 6“, која е во план за следната година.

извор: Makfax