x

СЕ ВРАТИ ЛА ЛИГА: Севиља ја доби битката за Андалузија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Севиља ги освоија првите бодови во Ла Лига по нејзиното рестартирање од прекинот во март. Во големото градско дерби, Севиља го совлада Бетис со 2:0 и остана во ТОП 3 на табелата зад великаните, Барселона и Реал (М).

Во првото полувреме видовме главно затворен фудбал. И двата тима по паузата од 3 месеци не сакаа премногу да ризикуваат, па одлуката како да ја оставија за вториот дел.

По само десетина минути игра во второто полувреме, Севиља успеа да го отвори резултатот. По досудениот пенал, Окампос реализираше за стартно водство од 1:0.


Одличната и пред се брза игра на домашните резултираше со уште еден гол. Само шест минути по ударот од белата точка, Севиља веќе водеше и со 2:0. Овој пат по одлично изведен корнер, најдовбро во гостинскиот шеснаесетник се снајде Фернандо кој погоди за нова радост на домашните.


До крајот на средбата видовме уште неколку добри можности, особено пред голот на Севиља, но Бетис не искористи ниту една.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата