Легендарниот Шабан Шаулиќ трагично загина пред нешто повеќе од една година, но неговото семејство и бројната публика сè уште го негуваат сеќавањето за неговиот лик и дело.

Илда Шаулиќ, наследничката на покојниот пејач го посети градот Шабац и во таа прилика ги фотографираше графитите направени од сограѓаните за кралот на народната музика.

Пејачката објави фотографија од графит на социјалната мрежа Инстаграм, која е направена во неговиот роден град по смртта на Шабан.

Легендата живее и понатаму – се вели покрај црната круна и ликот на Шаулиќ на големиот ѕид, кој го сподели Илда.

Шабан Шаулиќ почина во сообраќајна несреќа во Германија минатата година во февруари. Оттогаш, неговото семејство, но и бројните фанови се уште се сеќаваат на пејачот и ја негуваат неговата музика.