x

Сејдини со апел: Радосни сме и сакаме да славиме, но ве молам да бидеме одговорни во време на пандемија

makedonija-radost-4

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини апелираше на сите навивачи кои сакаат да го прослават успехот, тоа да го прават со почитување на мерките. Тој апелираше да бидат поштедени нашите херои од славење вечерва, штитејќи го нивното здравје, но и треба да се одморат бидејќи има уште два меча пред нив.

„Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат.
Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот – спортски херои.
Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани.

Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни. Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме.

Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас.  Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои. Се гледаме на Европско. Напред Македонија.“, рече Сејдини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата