x

Сејдини: Овој тим има карактер и сила, верувам во вас момци, верувам во победа за историја!

sejdini

Македонската фудбалска репрезентација е на 90. минути до остварување на најголемиот успех во историјата на фудбалот, пласман на едно Европско првенство. Последна пречка пред остварување на големиот сон е Грузија, дуелот се игра во четврток, во Тбилиси.

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини им посака среќа на момците потенцирајќи дека овој тим има карактер, сила и трпение.

„Од срце им посакувам на нашите фудбалери многу спортска среќа во финалето. Овој тим има карактер, сила и трпение. Верувам дека ќе имаме одличен настап и победа за историја.

Среќата ги следи храбрите, покажете колку сме силни“, порача првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата