Сеул нареди затворање на баровите и ноќните клубови, поради појава на нови случаи, што предизвикува стравувања од повторно ширење на инфекцијата, која досега беше под контрола.

Повеќе од 50 нови случаи на коронавирус се поврзани со 29-годишен човек заразен со ковид-19, кој посетил пет ноќни клубови и барови во Сеул, минатиот викенд.

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џeа-ин го повика населението на претпазливост бидејќи земјата, која беше една од најголемите жаришта на инфекција со коронавирус во светот во февруари, доби бројни пофалби од меѓународната заедница за успешно борба против ковид-19.

 

извор: Makfax