x

Сер Алекс во жестока дискусија со Вудвард на „Брамал лејн“ (ФОТО)

Додека Шефилд и Манчестер се бореа за бодови на теренот, на трибините интересен момент. Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед сер Алекс Фергусон влезе во жестока дискусија со спортскиот директор Ед Вудвард. До нив беше поранешниот извршен директор Дејвид Гил кој ги тргаше да случајно се „фатат“ за врат.

Од фотографиите се гледа дека тие не се согласуваат во нешто, а во еден момент Ферги се фаќа за главата. Тоа беше во првото полувреме кога „Ѓаволите“ губеа. Шкотскиот менаџер не може да поверува како се развива клубот во кој работеше до пред шест години. Сега „Ѓаволите“ се само бледа сенка од екипата што ја водеше сер Алекс која беше страв и трепет не само во Англија туку и во Европа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата