Серотонинот е некој вид хемиски “пренесувач на пораки“ или со еден збор – неуротрансмитер кој учествува во бројни процеси во телото.

Во тие процеси спаѓаат доброто варење и добро располежение, редовен сон, регулиран апетит и позитивни чуства. Кога во телото има доволно серотонин, расположени сме и сакаме дружење, а кога го има малку, се чуствуваме нервозни и импулсивни, лошо спиеме и со чуство на постојан замор.

Серотонинот директно влијае на нашето расположение.

Нивото на серотонинот можеме да го зголмиме на природен начин.

Наједноставен начин е излегување на светло. Истражувањата покажале дека нивото на сератонинот во текот на зима е намалено, а зголемен во лето. Неопходно е секој ден да поминете барем петнаесет минути надвор на сонце. Тоа потикнува создавањена витамнинот Д. Во текот на зимата, можете да користете јако осветлување во домот. Физичка активност и масажа исто така има терапевтско дејство на создавање на серотонинот во организмот…

Затоа идеално е кога веќе сте надвор – посветете време во трчање или вежбање, пливање, возење ролери или точак.

Пилешко, ќуркино и риба

Конечно, нивото на серотонинот во телото може да се подигне и со храна.

Но, не директно! Во продуктите го нема неуротрансмитерот, тој се создава во нашиот организам. За тоа потребен е триптофан – амино коселина која во нашиот мозок се претвора во серотонин. Најмногу трептофан се наоѓа во продукти со многу протеини, како што е пилешко, ќуркино и риба. За  лесно да ги помине сите бариери кои природно го чуват мозокот, идеално е триптофанот да биде пратен со јагленохидрати – барем 30 до 40 грама во дневно.

Триптофанот го има во млеко, во јаткасти плодови, со што се советува за ужина овесни снегулки прелиени со млеко и сецкани ореви. Добри извори на триптофанот се и други врсти на месо од живина, како јајца, соја, и производи од соја.

Од благи работи, идеална е чоколадо, а кога можете додадете сусам, семки од сончоглед и тиква.