x

Серија Д ќе се прекине по само шест кола

serija-d

Италијанската Серија Д (четвртата лига) најверојатно ќе биде прекината по само шест одиграни кола поради големиот број на одложен натпревари поради големиот број на случаи со коронавирус во клубовите.

Минатата недела 74% од клубовите се изјасниле дека сакаат да го продолжат шампионатот, меѓутоа се чини дека мали се шансите тоа да биде прифатено затоа што големиот број на одложени натпревари нема да можат да се сместат во календарот.

Раководните луѓе работат на тоа да најдат некакво решение, но големи се шансите Серија Д да биде прекината по само шест кола.

Серија Д во Италија е поделена на девет групи, а од почетокот на сезоната па до сега се одложени 104 натпревари поради КОВИД-19. На тие мечеви треба да им се најдат нови термини, а тие се малку. Ако се одложи уште некој меч ќе нема кога да се одиграат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата