x

СЕРИЈА А: Роналдо им одржа лекција на Нестор и Удинезе (видео)

Кристијано Роналдо е најзаслужен за победата на Јувентус над Удинезе со 3:1 во италијанскиот шампионат. Португалецот брилираше и постигна два гола, а третиот го реализира Леонардо Бонучи. За Удинезе стрелаше Пусето во последните секунди од мечот. Тренерот на Удинезе Лука Готи го внесе во игра  Илија Несторовски во 87 минута и македонскиот напаѓач немаше ни време да направи нешто.

Јувентус со оваа победа се врати на чело на табелата и го фрли притисокот врз Интер кој вечерва мора да го добие дуелот со Фиорентина на „Артемио Франки“.

Удинезе тоне ли тоне. Сега е веднаш над црвената линија и се чини дека сезонава ќе се бори за опстанок.

А Болоња ја победи Аталанта со 2:1, додека Милан и Сасуоло одиграа без голови. Верона и Торино ги поделија бодовите 3:3 иако гостите имаа предност од 0:3.

Вечерва играат Рома – СПАЛ и Фиорентина – Интер.

 

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата