x

Серија А пред историска раскрсница: Менување на форматот и воведување плеј-оф?!

serija-a-ball

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гарвина, објави дека сериозно се размислува за промена на стандардниот формат на натпреварување во Серија А.

Италијанците се свесни дека интересот за Серија А паѓа, па се подготвени на радикални промени, кои можат да опфатат и менување на целиот формат на натпреварувањето.

Според Гарвина, интересот за Серија А сериозно падна, делумно поради послабиот квалитет на фудбалот, а делумно и поради неверојатната доминација на Јувентус, кој е италијански шампион девет години по ред. Тој тврди дека се разгледува можноста за промена на форматот со цел да се врати интересот за оваа лига и да се направи истата интересна и возбудлива како и некои други европски лиги.

„Размислуваме да го играме шампионатот во три фази, и на крајот осумте најдобри да разигруваат за шампион. Постои страв од таков формат, бидејќи овој плеј-оф може да ги “казни” клубовите кои биле најдобри во целата сезона. Но, мора да сториме нешто за да го направиме шампионатот многу поинтересен од порано. Во овој момент, со овој формат, ризикуваме да изгубиме уште повеќе гледачи, бидејќи во одредена фаза од првенството, интересот за фудбалот е премал, кога имате клубови кои веќе обезбедиле опстанок или слично. Во такви моменти, не е важно кој ќе победи, па фудбалот го губи своето значење и тоа мора да се промени“, вели Гарвина.

Новата сезона на Серија А започнува утре и тешко е да се очекува дека нешто ќе се промени и во сезоната 2020/21.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата