Поранешниот светски тениски рекет број 1, Серена Вилијамс, се чини целосно закрепна од депресијата што ја мачеше последниве месеци. Вимблдонската шампионка ги обновни тренинзите, но пронаоѓа време и за забава. Викдендов папараците ја уловија чоколадната тенисерка на плажите во Мајами, каде што се забавуваше во друштво на своите пријателки. Серена беше во одлично расположение и дури ја кршеше својата раскошна снага, впуштајќи се во танц.
Навивачите на Серина без сомневање ќе бидат задоволни, зашто таа не е веќе онаа Серена, која се чувствуваше психички скршена поради здравствените проблеми.

Познато е дека помалата од сестрите Вилијамс многу страдаше.
Летоска, малку по освојувањето на четвртата титула во Лондон, таа го повреди стапалото на излегување од ресторан во Берлин. Следуваа две операции, а на крајот на годината Серена доби компликации и лекарите и препорача да носи заштитна чизма уште неколку месеци. И токму кога ја симна во февруари, белодробната емболија повторно ја исфрли Серена од строј и дури и го загрози животот. Таа ургентно беше примена во болница и подложена на операција поради тромб што и го затвораше крвниот сад во белите дробови. Но, дури и тоа не ја скрши Серена Вилијамс, која и покрај депресијата продолжува да мисли за враќање на теренот. Кога ќе се случи тоа – никој не знае. Дури ни самата тенисерка. Американката имаше намера да игра на Ролан Гарос, но според нејзиниот агент многу пореало е таа да се врати за Вимблдон.