Со тоа, таа автоматски го препушти првото место на ВТА листата на Анџелик Кербер затоа што во Индијан Велс брани 600 бода кои сега ќе ги загуби. Од друга страна, Германката минатата година беше елиминирана во второто коло, па во најлош случај ќе остане без поени од овој турнир, притоа нема ништо да загуби.

За жал, морам да се повлечам од турнирот во Индијан Велс поради болките во левото колено кои не ми дозволија да тренирам нормално. Разочарана сум што нема да бидам таму, но морам да продолжам понатаму, изјави Серена.

Интересно е тоа што лани Серена за првпат настапи на турнирот во Индијан Велс по пауза од 14 години, период во кој не играше поради расистички напади кон неа и нејзиното семејство.

Кај машкиот дел на тирнирот, пак, ждрепката посака фаворитите да бидат од иста страна на костуриот. Особено е интересен долниот дел кој спои тројца од четворицата најдобри тенисери на денешнината. Главен фаворит таму е Србинот Новак Ѓоковиќ, но за да стигне до финалето и евентуално да се бори за одбрана на титулата мора да помине вистински пекол. Тој е слободен во првото коло, но понатаму го очекуваат евентуални дуели, ако нема изненадувања, со Британецот Кајл Едмунд, Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, Австралијецот Ник Кирјос, Швајцатецот Роже Федерер или Шпанецот Рафаел Надал, Јапонецот Кеи Нишикори и Британецот Енди Мареј. Последната година Ѓоковиќ веќе беше елиминиран по еднаш од Дел Потро (Олимписки игри во Рио) и Кирјос (Акапулко), па јасно е дека го очекува исклучително тежок пат.

Подеднакво тешка задача има Федерер кој е деветти носител, а само во второто коло може да има полесна задача бидејќи ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Робер и Села. Понатаму му следува најверојатно Кевин Андерсон, па Надал и евентуално Ѓоковиќ, Нишикори и Мареј. Покрај овие тенисери, на оваа страна се уште Димитров, Чилиќ и Александар Зверев што делот го прави пеколен.

Сепак, ни Мареј не може да се пофали со лесна работа затоа што и на неговата страна е доста тешка. Во второто коло ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу квалификант и Лу, а потоа му следуваат Цонга, Бердих, Тим, Гофан и Вавринка.