Таа загуби во финалето на Австралија Опен и Ролан Гарос. Во Мелбурн беше поразена од Германката Анџелика Кербер, а во Париз подобра од неа беше Шпанката Гарбине Мугуруза.

-Не ми е толку многу убаво колку што би сакала да ми биде, изјави помалта од сестрите Вилијамс и додаде:

Можев да одиграм подобро. Искрено исто вака се чувствував и во 2015 година.

Минатата година Американакта освои три грен слем титули, но во 1/2 финалето на САД Опен загуби од Италијанката Роберта Винчи.