x

Серена Вилијамс заедно со Натали Портман купува женски фудбалски клуб

serena-portman

Четирикратната олимписка шампионка и 23-кратна освојувачка на Грен Слем титули, Серена Вилијамс, заедно со холивудската актерка Натали Портман ќе стане ко-сопственик на нов фудбалски клуб во Националната женска фудбалска лига на САД (NWSL).

Лигата во вторникот објави дека планира да додаде тим од Лос Анџелес во шампионатот почнувајќи од 2022 година. Клубот ќе биде во сопственост на Серена Вилијамс, актерката Натали Портман и поранешните американски репрезентативки Миа Хам, Џули Фауди и Аби Вомбак.

NWSL е основана во 2012 година. Во моментов, во неа учествуваат девет клубови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата