x

Сепак се враќа: Селекторот на Шведска и Златан синоќа имале состанок во Милано!

ibra-svedska-nova

Иако пред некој ден самиот демантираше дека има намера да се врати во селекцијата на Шведска и да настапи на ЕВРО 2020, сепак работите се поинакви. Посебно ако се знае дека вчера и синоќа, Златан Ибрахимовиќ во Милано имал неколкучасовен состанок со Јане Андерсон, селекторот на шведскиот национален тим. Имено познато е дека Ибра вчера не играше за Милан на гости кај Лил поради повреда, па така беше слободен за да може да “преговара“ околу неговото враќање во репрезентацијата по неколку годишна пауза.

Кога Златан рече дека сака да се врати во репрезентацијата, за нас беше сосема нормално да се сретнеме со него и да разговараме на таа тема. Се радувам што толку брзо оваа средба. Состанокот беше одличен, останува разговорите да ги продолжиме“изјави Андерсон за сајтот на шведската фудбалска репрезентација.

Инаку Ибрахимовиќ престана да игра се репрезентацијата во 2016 година, до тој момент одигра 116 меча и постигна 62 гола.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата