Во склоп на активностите поврзани за сениорскиот состав е и наименувањето на нов директор на репрезентацијата, функција која на ЕП во Полска времено ја извршуваше Иван Ивановиќ. Името на новиот директор на репрезентацијата, неофицијално, е веќе познато. Тоа ќе биде Милчо Чакарески, поранешниот репрезентативец, кој има менаџерски способности како дел од една компанија за осигурување, а исто така е и дел од организацијата на ракометниот камп на Кире Лазаров.

Сениорите во април ги очекува настапот во квалификациите за ОИ во Рио, а на почетокот на јуни баражот со Чешка за пласман на СП 2017 во Франција.

На машката младинската репрезентација (У20) пак од 8 до 10 април и претстои настапот на квалификацискиот турнир во Швајцарија за пласман на ЕП 2016.