Сенида Хајдарпаиќ, попозната по своето сценско име Сенидах (35), една од најпопуларните регионални пејачки во моментот, секогаш го криеше својот приватен живот, а веќе неколку месеци е во тајна врска со Стефан О. (27) од Херцег Нови.

Според изворот, парот се запознал на еден од настапите на Сенидах, а врската започнала по неколкумесечно интензивно допишување.

– Сенида и Стефан се познаваат долго време. Во текот на летната сезона, тој работеше како член на обезбедувањето во многу клубови каде таа настапуваше па  честопати се гледаа меѓусебно – рече добро информиран извор.

– Симпатиите и искрите меѓу нив блеснаа веднаш, а бидејќи не живеат во иста земја, но и заради разликата во возраста, на почетокот се чинеше невозможно да се започне врска – додаде тој

Тој додава дека  минатото лето, Сенидах отпатувала за Херцег Нови и тогаш започнале тајна романса, криејќи ја и заштитувајќи ја од сите.

Тие оттогаш имаа неколку недоразбирања, најмногу заради љубомората и далечината, но љубовта што ја чувствуваат е посилна од сè. Сенидах дури го однесе Стефан во Словенија, го запозна со семејството и таа навистина има сериозни намери со него – рече тој и додаде дека ситуацијата е иста со Стефан, иако тој е осум години помлад од пејачката.