x

Сензационално: Половина соблекувална на Барса е против Меси!

mesi-vo-siti

Лео Меси не е веќе така неприкосновен лидер на Барселона, барем според шпанскиот „Диарио“ кој лансира сензационална приказна дека половина соблекувална или шест фудбалери, застанале против Меси и дека владее “тиква војна“ меѓу нив и Аргентинецот.

Се шпекулира дека тоа се Пуџ, Тер – Штеген, Дембеле, Умтити, Пјаниќ и Фирп. Тие сметаат дека Меси е тој што ја нарушува атмосферата во клубот.

Инаку јасно е дека судбината на Лео во Барса ќе биде позната на 25 јануари, ден по изборите за претседател на клубот. Ако победи Лапорта тогаш Меси најверојатно останува, во спротивно ќе си замине, ПСЖ, Сити или Интер се опциите за него.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата