x

Сензационално: Жезус се врати на клупата на Бенфика!

На 6 јуни имаше промоција во Фламенго (Бразил) дека го продолжува договорот со клубот од Рио де Жанеиро, на кого му ја донесе титулата во Копа Америка, а денеска е објавено дека се враќа на клупата на Бенфика.

Тоа Жорж Жезус, еден од најдобрите португалски тренери, кој во клубот од Лисабон беше од 2009 до 2015 година. Навистина се поставува прашањето што се случи за овие месец и половина во Фламенго, за да искусниот тренер си замине од Бразил.

Како и да е, во соопштението на лисабонскиот клуб се наведува дека со Жезус е постигнат договор и дека тој во иднина ќе го води тимот како шеф на стручниот штаб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата