Американскиот Сенат го одобри Предлог-законот за финансирање на владините институции за периодот октомври 2014 – септември 2015 година на вчерашното гласањето со што се спречи опасноста од блокирање на работата на институциите.

Со законот, усвоен со 56 гласа „за” и 40 „против”, се одделуваат 1,1 билиони долари за потребите на администрацијата и другите федерални служби.

Законот пред два дена доби поддршка и во Претставничкиот дом на Конгресот.

Претседателот на САД Барак Обама ќе го потпише Законот најдоцна до среда на полноќ по источно американско време, кога истекува утврдениот рок за времено финансирање на федералните институции.

Средствата предвидени со овој Закон не се однесуваат за Министерството за внатрешна безбедност, за чие финансирање се обезбедени пари само до 27 февруари 2015 година.

Републиканците, кои имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, со ваквата одлука сакаат да ги блокираат плановите на Обама за легализација на престојот на илегалните имигранти во САД.