Семејството на Принц поднесе тужба против докторот од Минесота кој му препишал лекови на американскиот пејач неколку дена пред смртта. Тие наведуваат дека лекарот му дал погрешна доза лекови за борба против зависноста и дека тоа довело до смртен исход.

Во тужбата против докторот Мајкл Шуленберг и болницата „Норт Мемориал Хелт Кер“ се наведува дека тој двапати му дал на Принц силни анелгетици без легитимна здравствена причина неколку дена пред смртта.

„Пропуштил да процени и да дијагностицира, како и да го лекува и советува Принц соодветно со неговата зависност од опијати. Тоа имало фатални послеици“, се наведува во тужбата. Во неа се додава дека непридржувањето кон стандардите на медицинската пракса имало значајна улога во смртта на Принц.

Принц почина во 2016 година на 57-годишна возраст. Тој се предозира со анелгетик фентанил. Медиумите тогаш пренесоа дека наводно Принц мислел дека зема викодин, а се работело за друг лек кој содржел фентанил кој е 30 до 50 пати појак од хероинот.

извор: Makfax