Интересните доживувања од семејните патувања остануваат како драгоцени сеќавања на вашите најмили и со години се прераскажуваат со ист жар. Покрај неколку големи скијачки центри, Србија може да ви понуди и помали, но подеднакво шармантни дестинации за зимски одмор со семејството – Гоч, Дивчибаре, Златар и Голија. Покрај сето она што го нудат зимските спортови, ќе уживате во природните убавини, културно-историските знаменитости и во надалеку познатата трпеза.

Фото: Гоч, туристичка организација на Краљево

Планината ГОЧ е лоцирана во централниот дел на Србија, недалеку од Врњачка Бања. Иако спаѓа во пониски планини, со највисок врв Крња Јела со 1.127 м, со својата природна убавина и богатство на содржини не заостанува зад високите планински венци на Србија. Опремена е со ски-патеки соодветни за почетници, како и за искусни скијачи. Гоч нуди повеќе можности за рекреација, од ноќно скијање до пешачки патеки и спортски терени. Исклучително е богат со извори и бистри планински реки. Езерото Селиште претставува едно од омилените излетнички места за посетителите на оваа планина.

Фото: Гоч, туристичка организација на Краљево

На планината Гоч од страната на Краљево има одморалиште за деца и млади и две ски-патеки со должина од 300 м наменети за почетници. Поискусните скијачи можат да се испробаат во возење по патеката за рекреативци со должина од 1.400 м. Ако повеќе сакате скијачко трчање, испробајте една од петте обележани патеки.

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

На падините кон Врњачка Бања, исто така, се наоѓаат две ски-патеки, идеални како за правење на првите чекори на снег, така и за ноќно скијање. 

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

Во близина на Гоч се наоѓа Врњачка Бања, развиена туристичка дестинација со традиција од 152 години. Најголемото и најпознатото бањско лекувалиште во Србија традиционално е мошне привлечен туристички центар за одмор и рекреација.

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

Шетањето низ врњачките паркови до Мостот на љубовта, обиколката на Роднокрајниот музеј Белимарковиќ, на историскиот и културен центар на Врњачка Бања, со посета на гостувачката изложба и постојаната поставка посветена на историјата на бањата, е само почеток на запознавањето.

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

Шетањето продолжува кон изворот на Топла минерална вода и Јапонската градина, подарок од Јапонската влада.

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

Со бавна прошетка низ паркот до изворот Снежник, Езерото, Слатина можете да ја посетите и галеријата со слики на локалните уметници.

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

На Чајкиниот рид се наоѓа црква посветена на раѓањето на Пресвета Богородица.

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

Врњачка Бања располага со седум извори на минерална вода, со различен физички и хемиски состав што благотворно влијаат врз организмот и помагаат при лекувањето на многубројни заболувања.

Фото: ТО Врњачка бања, Милан Митровиќ

Голем број хотели, пансиони, вили, ресторани и кафулиња со одлична услуга, спортски терени, неколку отворени и затворени базени, трим-патека и врвни велнес-центри, ја прават целосна богатата туристичка понуда.

Повеќе информации на ТРАВЕЛ СРБИЈА

А за ВРЊАЧКА БАЊА КЛИК ОВДЕ

https://serbia.travel