Првиот човек на Црна Гора Мило Ѓукановиќ вчера преживеал најголема драма во својот живот!

Неговиот роден брат, бизнисмен Александар Ацо Ѓукановиќ (55) имал тежок инфаркт и неговата состојба и покрај напорите на најугледни лекари од Подгорица, била многу тешка.

Поради тоа Мило по секоја цена сакал со приватен авион да го префрли на некоја од најдобрите кардиолошки клиники во странство кои работат комплицирани зафати на срце. Во опција биле некои клиники во Германија, Швајцарија па дури и Италија, но поради актуелната ситуација со епидемија на корона вирус, ниедна од тие болници не сакала да го прими Ѓукановиќ јавува Курир.рс

Според некои информации на братот на Мило Ѓукановиќ на крај му е вграден стент на една клиника во Подгорица.

Ацо Ѓукановиќ е сопственик на “Прва банка“ во Црна Гора, како и на бројни локали и други недвижности, а некои медиуми неодамна пишувале дека тој сакал оваа година да се пресели во Швајцарија.

Извор: Курир.рс