Пеачката Милица Тодоровиќ пред извесно време, како што се наведува, минала низ семејна драма за која не зборувала во јавноста.

Милица наводно минатата година влегла во голем конфликт со зетот кој со години и бил менаџер и најблизок соработник. Милица поднела тужба против него поради сомневања дека ја опљачкал и дека и земал повеќе од 60 илјади евра, кои ги наменила за купување стан.

“Пред извесно време одлучила да купи стан на Нов Белград и на зетот му дала 60 илјади евра кој тој ги уплатил на фирма која ја гаделе зградата. Договорот бил Милица остаток од парите да ги уплати до крај на годината. Меѓутоа бидејќи не ги исполнила обврските, од купување на стан не останало ништо и зетот и рекол дека останала и без тие 60 илјади евра која ги дала како аванс“ – тврди близок пријател на пеачката.

“Се испоставило дека инвеститорот го вратил авансот на зетот, и дека тој воопшто не и кажал“, вели изворот.

Понатаму се наведува дека, Милица поднела тужба како би ги вратила парите, а ваквата ситуација ги влошила односите и со сестраи, која застанала на страна на сопругот, со што тие од тогаш не разговараат.