x

Селта назначи нов тренер – огнот ќе го „гасне“ Аргентинец

kudet

Шпанскиот прволигаш Селта го именува Едуардо Кудет за нов тренер на местото на Оскар Гарсија кој во понеделникот доби отказ поради лошите резултати. Кудет е роден во Буенос Аирес, а играл за многу аргентински клубови како Ривер Плата, Росарио, Сан Лоренцо, а една година и во Селта.

Како тренер ова му е прво европско искуство. Претходно ги тренирал Росарио, Расинг, бразилски Интернационал и мексиканскиот Тихуана. Инаку со клубот од Виго потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата