Во селото Мафи Дов во Гана на бремените жени не им се дозволува да се породат на тоа место зошто се верува дека ќе ги навредат боговите.

Некои идни мајки патуваат во последен момент со болки за да се избегне кршењето на традицијата.

 

„Некои од нас морааат да поминат долг пат“, вели Хани Косини, која е во деветтиот месец од бременоста.

Кога првпат се породувала, едвај нашла некој кој со автомобил би ја однел во соседното село, а исто така и било и вториот пат.

Меѓутоа некои жени почнуваат да ја доведуваат во прашање праксата и бараат да им се дозволи да останат во селото и да се породат.