Австриското село Факинг реши да го смени името по несаканото внимание на туристите, кои, сосема разбирливо, сметаат дека е смешно.

Така, општинскиот одбор донесе одлука за промена на името Факинг во Фугинг, а новото име ќе стапи на сила на 1 јануари 2021 година.

Како што велат, околу 100 жители на ова село се „премногу уморни“ од несаканото внимание на туристите кои доаѓале во ова село само за да се сликаат пред таблата со неговото име и да се шегуваат на социјалните мрежи.

Згора на тоа, шегите одат дотаму што дури и најпопуларниот порнографски сајт PornHub им давал премиум претплати на сите жители на Факинг, но исто така и на оние кои живеат во германското село Титс, како и на Биг Бивер во САД.

 Да, решивме да го смениме името и нема да кажам ништо повеќе на таа тема – изјави градоначалникот на општината Андреа Холцнер за Ројтерс.

Сепак, важно е да се нагласи дека името на селото сè уште се изговара исто, но е напишано поинаку, па локалното население се надева дека туристите конечно ќе престанат да крадат знаци со името на селото.