По откажувањето и изолацијата од партнерот, Селма Хаек во февруари тајно се венча со францускиот милијардер Франсоа – Анри Пино и оттогаш се среќно семејство.

Секси глумицата Селма по венчавката со својот француски милијардер стана семејна жена и предадена мајка. Иако и Селма и Франсоа и по венчавката си продолжуваат со своите обврски, сепак често наоѓаат време за прошетки со ќерката Валентине. Франсоа не крие колку многу си ја сака ќерката, па често ја носи на прошетки и во шопинг. Со нив секогаш е и мама Селма, која пак не сака да ја расипе татковско – ќеркинската идила.

“Таа е малечок диктатор. Таа е единствена, волшебна личност каква се уште немам запознаено”, изјави Селма Хаек за својата 17-месечна ќерка Валентине.
Двојката е снимена на шопинг, а Пино на ќерка си постојано и дарувал бакнежи.