x

Селекторот и репрезентативците бараат одложување на мечот со Косово (ФОТО)

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација и дел од нашите репрезентативци на своите профили на социјалните мрежи испратија апел за одложување на дуелот со Косово кој е планиран за 26 март во Скопје. По одлуката на Владата сите спортски натпревари во наредните 30 дена да се одржуваат без присуство на публика, нашите репрезентативци излегоа со проглас: Или нека биде фудбалски СПЕКТАКЛ или не правите “спектакли”!

„Здравјето на луѓето е најбитно и го почитуваме ставот и препораките на институциите во однос на заштитата на здравјето на сите нас. Но, како фудбалери, репрезентативци и стручен штаб на Македонија кои се изборија за историска шанса за пласман на Европско првенство, би сакале нашиот домашен натпревар да го одиграме пред полни трибини и со поддршка од нашите навивачи да славиме заедничка победа. Ваков натпревар без публика е исто како да сме без Гоче, Елиф или Нестор во составот. Одложете го натпреварот, прво заради здравјето пред се, но и заради сите со идеал за прави спортски вредности и резултати“, се вели во пораката која ја објавија и селекторот Ангеловски и нашиот репрезентативец во Унгарија, Бобан Николов.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата