Претседателот на Алијанса за Албанците во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ која се емитува на Алсат-М, говорејќи околу датумот за избори рече дека СДСМ греши кога самата одлучува кога да се оддржат изборите бидејќи 12 април беше одлучен со консензус, а и со консензус одложен по што било договорено од сите политички актери повторно со консензус да се одлучи за нов датум за избори.

СДСМ греши кога оди еднострано на избори. Ние со консензус го одредивме 12 април и со консензус одлучивме да ги одложиме изборите поради коронавирусот кој сеуште постои и се договоривме повторно за датумот да одлучиме со консензус помеѓу сите политички актери. Сега оваа трка за што побрзо оддржување на изборите оди надвор од тоа што сме се договориле се со цела да имаме позитивен политички дух, рече Села. 

Тој додаде дека на власта ѝ се брза да оди на избори за да ја искористи помошта која ја дава државата преку платежни картички и социјална помош како легално купување на гласови но граѓаните треба да знаат дека тие пари не се на партиите, туку кредити кои повторно ќе треба да се врќаат од нивните даноци.

Владата сака под секој услов што побргу да оди на избори, како прво за да се искористи пакетот и социјалната помош што се преку картички кај граѓаните, што на некој начин е легално купување на гласови, но граѓаните треба да знаат дека тие пари не се пари на Владата или на партиите кои се на власт, туку се пари од нивните даноци, тие се пари на кредити што се подигнуваат од меѓународни организации и пари кои повторно ќе ги вратат граѓаните со нивни пари, додаде Села.
 

На прашање за тоа дали неговата партија ќе ги бојкотира изборите Села рече дека нема да се случи такво нешто но одговорноста ако се случи нешто непосакувано во изборниот процес треба да ја сносат тие кои сакаат брзи избори по секоја цена.

Ние изборите нема да и бојкотираме , но одговорноста за последиците кои можат да ги имаат овие избори треба да ги поднесат тие кои што сакаат да одат на брзи избори, нагласи Села