После информациите кои денеска се проширија, дека на Насер Зибери ќе му припадне позицијата народен правобранител, за ова коментираше Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците.

Тој во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека не е можно Зибери да биде народен правобранител, бидејќи таа позиција треба да биде наменета за опозицијата.

Нас не ни требаат луѓе марионети, манипулатори кои избираат со име и со презиме човек за премиер и сега излегуваат по медиуми дека ќе го правеле народен правобранител. Е нема така, на опозицијата ѝ припаѓа народниот правобранител, рече Села.

Инаку, Зибери според информациите треба да го замени Иџет Мемеди, кому во декември му истекува мандатот на таа позиција. Но, Села има поинакво мислење околу сето тоа.