На прашање за актуелната политичка состојба во државава и новото парламентарно мнозинство, лидерот на АА, Зијадин Села одговори дека не е точно тоа што го кажал лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека добил поддршка од уште тројца пратеници од опозицијата, односно од неговата партија.

Нема можности, ни теоретски, тоа се пратеници од нашата партија, а не верувам дека тоа се некои од ВМРО-ДПМНЕ, рече Села.

Сопартијците не ја прифатија оставката на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, која тој ја понуди на Централното собрание.

Села рече дека оставката е морален чин по резултатот на изборите. Сепак највисокото раководството оцени дека Села и понатаму останува партиски лидер.

Состанокот работеше во однос на шест точки. Со одлука на највисокото партско тело, отстранети се претседателите на ограноците од Тетово и Долнени.