Жител на селото Љуботен, на возраст од 76 години е тешко повреден и пренесен во болница откако со бидел рачно да стартува мотор на трактор

Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во попладневните часови на 9. октомври на местото викано Јарзиц, во атар на скопското село.

76-годишникот рачно стартувал мотор на трактор „ИМК 539“, при што истиот се придвижил кон него, нанесувајќи му тешки повреди.

Селанецот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

 

извор: Makfax