x

Секуловски: Брегалница има есенски резултати за почит

mane-bregalnica-1024x768

По завршување на есенската полусезона во ВМФЛ -ИСТОК, во која Брегалница и тоа како беше доминантна, заврши со седум бодови предност пред Тиквеш, свој коментар за клупскиот сајт има Марјан Секуловски, шефот на струката на штипските „сини“.

Како што е познато, полусезоната ја завршивме со седум бодови предност пред второпласираната екипа на Тиквеш, што е навистина резултат за почит. Но, тоа не треба да значи дека сега треба да се опуштиме, напротив. Тоа треба да значи мотив повеќе за напролет, овој тим да има поквалитетни изданија во вториот дел од сезоната“ истакнува Секуловски.

Инаку фудбалерите и стручниот штаб утре ќе го одработат последниот тренинг за оваа година, потоа одат на заслужен одмор кој ќе трае се до 9 јануари за кога е закажана прозивката.Тогаш и почнуваат зимските подготвки за пролетната полусезона која пак почнува на 27 февруари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата