Секс на првата брачна ноќ? Тоа се подразбира. Но, првиот заеднички секс за прв пат таа вечер? Звучи старомодно, но многу луѓе поради различни причини се определуваат за ваков чин. Ова се искуствата на луѓето кои го доживеале тоа. А, реакциите се од неверојатно до „прилично ужасно”.

Во анкетата на социјалната мрежа “Reddit”, корисниците признале дека се разочарани од првиот впечаток од сексот – очекувале премногу, а добиле премалку.

Кратко, разочарувачки и срамно поради должината на траење. Верувам дека изреката ‘со вежбање до совршенство’ тука се покажа како точна”, напишал еден од корисниците.

Друга корисничка признала дека таа и неговиот сопруг чекале на страст до почетокот на бракот.
„Беше многу добро. Бевме нервозни, мене ме болеше малку, но подоцна стана се’ подобро и подобро. Многу сум среќна што го доживеавме тоа”, напишала Ајрин.

Имало и такви кои коментирале дека поради стрес не успеале да ја постигнат целта.

Првата ноќ беше проблематична. Не знаев што да правам, но тој беше трпелив. И нему му беше прв пат. Сфативме заедно што треба да правиме. Пред бракот живеевме заедно, а оваа година ќе прославиме дваесет години од бракот. Сепак, бракот е многу повеќе од само секс”, напишала Меги.

Една корисничка на оваа социјална мрежа, за крај искоментирала дека нејзиниот прв пат бил „неверојатен”.

Изнајмивме убава хотелска соба, јас имав секси бела долна облека, зедовме шише вино, а потоа влеговме во џакузи и водевме љубов. Два пати. Потоа вечеравме и зборувавме за венчавката. Беше апсолутно совршено, не би го менувала тоа за ништо на светот. Сексот беше онаков каков што очекував, болен првите три месеци, а потоа и тоа престана”, заклучила таа.