x

Секоја чест: Нуркиќ на сиромашно семејство од Босна му купи нова куќа!

nurkic

Босанската кошаркарска ѕвезда во НБА лигата, Јусуф Нуркиќ, е на насловните страници на босанскиот печат, откако гледајќи ја тажната приказна за семејството Мемишевиќ, ни помалку, им купил куќа!

Мајката Јасмина пред десет години згазнала на мина и ја изгубила ногата, додека нејзиниот сопруг Едвин работи за дневница за да обезбеди храна за својот дванаесетгодишен син Адин кој има срцеви проблеми.

Семејството живеело во трошна куќа, без вода, тоалет и поголем дел од потребната покуќнина, па морале да спијат на под.

Откако дознал за трагедијата на семејството Мемишевиќ, Јусуф Нуркиќ ги исконтактирал службите со желба да им купи куќа. Во кус период од неговото јавување, семејството ги добило клучевите од нивниот нов дом на почетокот на оваа недела. Секоја чест!

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата