Македонија од ММФ и Светската банка, во наредните три години, очекува годишно да добива по околу 50 до 60 милиони долари за платно билансна поддршка како и за инвестициски проекти. Ова вчера го изјави министерот за финансии Никола Поповски по враќањето од Ва- шингтон каде го предводеше на- шиот тим на Годишното собрание на ММФ и Светската банка. Според првиот финансиер во земјава, во Вашингтон воопшто не се разговарало за тоа дали на Македонија и треба, туку каков вид на аранжман и е потребен. Договорено е техничката мисија на ММФ во земјава да пристигне во вторник идната недела , а официјалните преговори со цврстите монетарци предводени од Франек Розвадовски за новиот аранжман да стартуваат на 18 окотомври. Македонија, како што нагласи Поповски, од ММФ ќе бара три годишен пореформски ЕФФ аранжман кој најверојатно ќе изнесува околу 20 до 30 милиони долари годишно. “ Оваа рунда преговори ќе трае десеттина дена, а финалните се планира да завршат пред Нова година или веднаш по неа. Во јануари 2005 ќе дојде втората мисија која ќе ги финализира и затвори преговорите за новиот аранжман. Во ММФ во овој момент траат дополнителни консултации за видот на аранжманот, но факт е дека ќе го добиеме. Ние им презентиравме она што од економската политика до овој момент е чисто за 2005, 2006 па дури и за 2007 година, кои се промени Влада треба да ги направи во економската политика, а веќе во декември во јавноста ќе излеземе со поголем пакет на економски политики за наредните три години”, вели Поповски. Аранжманот со ММФ ќе содрж и комбинација на фискални и монетарни елементи, а сега во него ќе бидат внесени и многу структурни елементи. “Нашата позиција е јасна. Одиме со пониска инфлација, со проектирани стапки на раст од 4 до 4,5 проценти , со дефицит на Централниот буџет од околу 1 процент, со дефицит на јавната потрошувач ка од околу 1,5 до 2 проценти и оставаме простор тој дефицит во преговорите да може да се зголеми за уште 0,2 до 0,3 проценти, ако се работи за еднократни дефицити во текот на една до две години заради структурни реформи”, потенцира Поповски. Што се однесува до Светската банка, Поповски нагласи дека во декември во Македонија ќе дојде мисијата на Банката кога ќе се финишира новиот тригодиш ен аранжман кој ќе изнесува околу 30-тина милиони долари годишно кој освен инвестициска ќе има и платно билансна поддрш ка.