x

Секому по бод на дербито на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)

barselona-valensija

Барселона и Валенсија одиграа натпревар кој заврши без победник 2:2. Валенсија водеше, Барселона направи пресврт, па гостите израмнуваа за еден, но вреден бод. Од овој меч дефинитивно незадоволни ќе бидат „Каталонците“ кои одново направија „кикс“ во Шпанија, и се се подалеку од титула.

Диаките донесе водство за Валенсија по изведен корнер во 29. минута и огромна грешка во одбраната на Барса. Во финишот од првиот дел, пенал за Барселона. Меси го утна, поточно Доменек одбрани, но во продолжение на акцијата Меси, сепак, со глава успева да донесе израмнување.

Араухо во 52. минута со прекрасен гол успеа да донесе водство, а Макси Гомез, сепак, да спаси пораз за Валенсија и да освои еден бод.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата