Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија, објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 3,4 степени, по што ја промени информацијата во 3,9 степени.

извор: Makfax