x

Сезоната ќе продолжи со ригорозни правила: Играчите ќе немаат секс, нема дружење, туширање дома

Чудни правила се подготвуваат за продолжување на германската Бундеслига, но сето тоа за заштита на сите играчи, стручниот штаб и судиите поради пандемијата од коронавирусот. Сепак, тоа на хартија и може да се исполни, но на теренот е јасно дека ќе има дуели, стартови, и контакти… Тоа е неизбежно.

Меѓутоа за продолжување на првенството, играчите ќе мора да ги почитуваат ригорозните правила, а ќе тоа се:

  • играчите ќе се тестираат два пати неделно
  • контактите ќе бидат минимални во текот на теренингот и на состаноците
  • играчите ќе носат сопствена храна од дома и сопствени шишиња за вода
  • туширањето ќе се одвива дома и ќе мораат самите да ја перат опремата и копачките
  • играчите ќе носат маски, мора да ги дезинфицираат рацете и ќе им биде измерена температура пред секој меч
  • играчите од домашниот тим на стадион ќе доаѓаат со сопствени автомобили
  • останувањето во соблекувалната мора да биде сведен на минимум, договорањето ќе се одвива на терен
  • гостинските играчи по завршување на мечот ќе се тушираат на дистанца од минимум два метри
  • приватните разговори ќе се одвиваат на растојание од два метри
  • екипите нема да бидат во тунелот во исто време, нема ракување и нема тимски фотографии
  • замените на клупата ќе бидат на растојание од 2-3 столчиња
  • играчите кои ќе бидат во хотел, ќе мора да избегнуваат секакви контакти
  • копчињата на лифтовите ќе се притискаат со лакати
  • нема користење собен сервис во хотелите
  • играчите мора повеќе време да минуваат во своите домови
  • дозволени се само одредени посети (лекар, бејбиситер, куќна помошничка)
  • секс и бакнеж со партнерот кои имаат било какви симптоми се забранети
  • не смеат да делат пешкири, садови, пијалоци и постелнина со другите членови на семејството
  • играчите ќе киваат и кашлаат на дистанца

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата