x

Сезоната во Ф1 ќе стартува на 5 јули во Австрија

Формула 1 шампионатот ќе стартува на 5 јули во Австрија откако Француското Гран при и официјално беше откажано поради пандемијата со коронавирусот. Одлуката да биде откажана трката на патеката „Пол Ришар“ на 28 јуни доаѓа откако францускиот претседател Емануел Манкрон ги забрани сите јавни собирања и спортски настани до средината на јули.

Тоа значи дека ќе има нови поместувања во Ф1 календарот со тоа што Гран при Франција отпаѓа. Шефот на Ф1 Чејс Кери е оптимист околу почнување на кампањата една недела подоцна, на 5 јули на „Ред Бул Ринг“ во Австрија со што ќе се одржат преостанатите 12  трки (евентуално да биде уфрлена некоја од претходно откажаните) пред да биде спуштена завесата за 2020 во Абу Даби во декември.

Поради корона вирусот веќе се откажаа 10 трки во најбрзиот спорт на светот, а Кери додаде дека летните трки ќе се одржат без публика. Тоа значи дека освен трката во Австрија, трките на „Силвестоун“ и „Хунгароринг“ и легендарната „Спа“ во Белгија ќе одат по планот но без публика, само со телевизиски преноси.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата