x

Сезоната во Серија А да заврши на 12 јули, а гледачи на стадионите ќе нема до Нова година

Фудбалските власти во Италија поставија нова цел за завршување на шампионатот. Крајниот датум е поставен 12 јули.

Во информациите се наведува дека федерацијата ќе направи масовни тестови за КОВИД-19 на 27 април, а во отсуство на позитивни примероци, играчите ќе го продолжат со тренинзи веќе на 4 мај.

Во Италија, планираат да продолжат со спортските активности од 4 мај. Во овој момент планот е фудбалот да се врати на терените по 31 мај, а тоа ќе даде доволно време тимовите да ги одиграат сите натпревари до 12 јули. Сепак, ова нема да биде крај на целата сезона, бидејќи УЕФА сака да европските купови да почнат, откако ќе завршат домашните првенства.

Италија планира да се забрани одржување на натпревари со гледачи до јануари 2021 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата