Во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, вечерва (20 часот) ќе биде отворена изложба на графики од Дијана Томиќ – Радевска. На изложбата насловена како “Седум смртни гревови”, Радевска ќе се претстави со дваесетина графики.

Таа е родена во Скопје, 1961 година. Дипломирала 1984 година на одделот Графика, на ФЛУ. Во периодот од завршувањето на студиите до денес континуирано излага на самостојни и групни изложби во Македонија и странство. Работи како самостоен уметник и дизајнер.