x

Седум поени за Војдан во новата победа на По Ортез

Македонскиот кошаркарски интернационалец, Војдан Стојановски, одигра 18 минути на вечерашната пресметка меѓу По Ортез и Шалон (92-86) во новото коло од француската ЛНБ лига. Во дресот на својот нов клуб, нашиот репрезентативец на денешниот меч постигна 7 поени.

Статистички, Војдан постигна една тројка и четирипати успешно ги изведе слободните фрлања. Имаше и два обиди за два поени кои завршија без успех. Екипата на По Ортез по ова коло се искачи на 10. место во францускиот шампионат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата